Georgian Spinach Pkhali
Грузиско песто наречено Pkhali
(ფხალი)
Најпопуларни се Pkhali од спанаќ и цвекло
СОСТОЈКИ
✅500 гр свеж спанаќ
✅½ чаша ореви
✅1-2 средни чешни лук
✅1 китка коријандер
✅2 лажици масло од орев доколку најдете или за замена користете маслиново масло
✅2 мали лажички оцет од тарагон или замена бел вински оцет
✅1 лажичка мелен коријандер
✅3/4 лажиче сол
✅1/2 лажиче мелен тилчец (пискавица) или исто така нареченс „грчко семе“
✅црн пипер
✅црвен лут пипер
✅калинка, за украсување
Подготовка
Во големо тенџере, во вода која врие ставете го спанаќот,при тоа мешајте за да се потопат лисјата. Нека врие околу 2 минути. Потоа исцедете го и исплакнете го спанаќот со вода, пробајте да ја исцедите убаво водата со стискање на спанаќот во цедилката за вода
Во блендер сомелете ги оревите и додадете кромид,лук и продолжете со мелење. Потоа додадете го спанаќот , коријандер, оцет, масло сол, тилчец, црн пипер и црвен пипер; Блендирајте додека не се изедначи и не се направи кремаста смеса.
Префрлете ја смесата во стаклен сад со цврст капак;. Ставете го во фрижидер да отстои неколку часа или преку ноќ.
При сервирање посипете ги со зрна од калинка. Може да се користи како намаз или како предјадење.