Почитувани,
Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК заедно со СЗДМ – Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, и годинава соодветно ќе го одбележи 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот со настан чиј покровител ќе биде г-дино Стево Пендаровски, Претседател на РС Македонија.
Како примарен мотив на настанот ќе биде и јубилејот – еден век инсулин – односно 100 години од научното откритие на инсулинот за терапевтски цели, како почетокот на успешно справување со дијабетесот.
Настанот ќе се организира и одржи во галериски простор (како заради самото сценарио на настанот така и заради почитување на важечките здравствени протоколи заради актуелната пандемија), и како најпогоден се наметна изложбениот простор на “Мала Станица“ во Скопје.
Датум: 13.11.2021, од 18:00 до 19:00 часот
Притоа, замислата е покрај ретроспективниот приод (изложба посветена на откривањето и развојот на инсулинот и пропратните помагала за негово користење) да биде апострофирано неговото превентивно и здравствено значење особено кај најмалата популација – децата, а во контекст на целите и мисијата на Баланс МК. За остварување на севкупната идеја е набавен соодветен изложбен материјал кој ги задоволува изложбените стандарди за изложбена поставка. По принцип на времеплов ќе ја раскаже своевидната приказна за појавата на инсулинот, неговиот пат, научен развој, практична примена и неговото суштествено значење за луѓето со дијабетес. Тука ќе влезат хоронолошки изложбени факти за изумителите на првиот инсулински препарат, за првите негови корисници и начинот на користење (помагала) за натамошните научни надградби и изуми во сферата на инсулините во декадите што следат до ден денешен.
Во таа насока дополнително настанот ќе биде искористен за промоција на едукативниот видео –материјал насловен како “Живот со дијабетес во училишна доба” – односно што е дијабетес Т1 и како се менаџира оваа хронична состојба секојдневно кај децата. Станува збор за Whiteboard Animation Video подготвено од БАЛАНС МК, каде низ призмата на детската нарација е концпирано да даде информации и одговори на најелементарните факти за животот со дијабетес кај децата.
Целиот настан следствено планираната агенда е замислен според следната програма:
18,00 часот – почеток со отворање на одбележувањето на Светескиот ден на дијабетесот и обраќање на Претседателот на РС Македонија, г-динот Стево Пендаровски – Покровител на настанот, а во иднина и промотор на јавната свест за детскиот дијабетес и покровител на заштита на правата на децата со дијабетес во Македонија.
18,05 – обраќање на Министерот за здравство на РС Македонија, г-дин Венко Филипче
18,10 – oбраќање на претсавник од медицинската фела (педијатар – ендокринолог) – Проф. Д-р Зоран Гучев, раководител на Одделот за еднокринологија при Клиниката за дестки болести – Скопје
18,15 – обраќање од научно-фармацевтски аспекти во контекст на стогодишнината од откривањето на инсулинот, Доц. Д-р Зорица Наумовска, вонреден професор на Факултетот за фармација
18,20 – кусо обраќање на Диме Велев, претседател на СЗДМ (Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија)
18.25 – кусо завршно обраќање на Наташа Деспотовска Димитриевска, претседател на БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија
18,30 – Покана со најава за презентација на петминутното видео “Живот со дијабетес во училишна доба” кое што ќе биде пуштано во неколку наврати, како и покана за разгледување на изложбата
19,00 – формален крај на настанот
На самиот настан покрај неколкумина членови на БАЛАНС МК, ќе бидат поканети претставници на Министерствата за здравство, потоа претставници на фармацевтски компании од областа на дијабетесот, претставници на медицинската фела инволвирани во третманот со дијабетесот, подржувачи на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК, како и претставници на медиумите.
Истовремено, Ве информираме дека сите предвидени активности за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот, 14 Ноември, ќе се реализираат согласно протоколите за спречување за ширење на COVID19 на Министесртвото за здравство. Во контекст на тоа е минимализиран бројот на присутни лица на самиот настан, но Баланс Мк – за сите заинтересирани – обезбеди непречено и директно негово, стриминг следење на настанот преку следниов линк:
БАЛАНС МК
Асоцијација за детски дијабетес на Македонија
Претседател
Наташа Деспототовска Димитриевска