Допис од Есра Авџи, дијабетес лидер во Турција
14 -17 февруари, 2018 во Виена, Австрија се оддржа 11-та меѓународна конференција за Напредни Технологии кај Третман на Дијабетес (ATTD). Според Есра Авџи технологијата во третман на дијабетес рапидно напредува. Засега најголем проблем е колку нам ни е таа технологија достапна.
Меѓу поважните излагања на конференцијата ќе ги издвоиме
1.Dexcom G6 – CGM систем за континуирано мерење на шеќерот во крвта
2.Roche – Eversense XL
3.Roche – mySugr апликација
4.Назален Глукагон
5.Medtronic 670G Вештачки панкреас
6.Ултра брзи инсулини (BioChaperone Lispro, LY900014, Faster Aspart – FIAsp)
7.Medtronic – Инфузиски сет Mio
8.Ascensia – Contour Next One –Глукомер
9.My-Vivi – Апарати за чување на инсулински пенкала
10.Cellnovo – Инсулинска пумпа
Dexcom G6
Позната е довербата која ја имаме во Dexcom, CGMS систем за континуирано мерење на шеќерот во крвта. Првиот модел на Dexcom е G4, потоа следеше G5 и G6. CGMS или систем за постојан мониторинг на шеќерот во крвта е корисен како кај корисници на инсулински пумпи така и кај оние што се на регуларна субкутана апликација на инсулин.
Најновиот модел Dexcom G6 се разликува од другите по тоа што трансмитерот е потенок и има различен апликатор од претходните. Друга разлика од претходните е времетраење на сензорот кој е околу 10 дена и нема потреба да се калибрира.
Roche – Eversense XL
Eversense XL е сензор кој трае 180 дена и се аплицира поткожно како имплант. Првиот модел кој излезе на пазарот беше со времетраење од 90 дена. Сензорот се состои од 3 дела. Сензорот се става подкожно, тоа е мал чип, потоа врз резот се ставаат фластерот и трансмитерот. Трансмитерот е тенок и во црна боја.
Roche има овозможено тренинг на одреден број лекари како да се аплицира сензорот со многу мал рез без потреба да се шие. Вредностите испратени од трасмитерот може да се читаат на секој вид Smart телефони ( iPhone, iPad iOS).
Засега моделот кој има времетраење од 90 дена е пуштен во продажба во Германија, Полска и Америка.
Во моментот кога ќе се лансира Eversense XL со траење од 180 дена стариот модел кој трае 90 дена ќе биде повлечен од продажба.
За повеќе инфомрации погледнете го сајтот https://eversensediabetes.com
Roche – mySugr апликација
Апликацијата mySugr е поврзана со новиот Accu-Check Guide апарат кој директно и автоматски ги праќа мерењата на mySugr апликацијата на вашиот телефон преку bluetooth . Оваа апликација дигиталните записи ги заменува класичните, а апликацијата ги анализира вашите потатоци, идентификува трендови и ве предупредува. mySugr е мобилна апликација преку која може да ги проверувате гликемии од претходни мерења и ви дава можност според внесените информации да се предвиди HbA1c. Во подесувањето на апликацијата се јавува еден вид “монструм“ кој дава забавни или нервозни звуци зависно од гликемијата.
Се очекува оваа апликација да биде меѓу најдобрите зимајќи во предвид дека тимот кој е инволвиран во изработка на апликацијата се и лица со тип 1 дијабетес.
Повеќе информации на https://mysugr.com/
Назален Глукагон
Најголем страв на секој родител е хипогликемијата кај децата со дијабетес. Сите кои имаат дијабетес мора во својот дом да имаат глукагон. Но понекогаш употребата на глукагонот за родителот може да биде стресен . На конференцијата во Виена беше промовиран и назалниот глукагон од страна на Jennifer Sherr која одкако и е дијагностициран тип1 дијабетес, одлучила животот и професијата да и бидат поврзани со дијабетес. Jennifer Sherr работи во детски оддел за дијабетес на Yale.
Инусинската пумпа 670G или вештачки панкреас
Вештачки панкреас или инусинската пумпа 670G беше исто промовиран на конференцијата на АТТD . Важноста на стабилност на гликемиите е несомнено од најголемо значење. Новиот вешташки панкреас овоможува после консумирање на храна автоматски да се испорача инсулин кое и те како ја подобрува гликорегулацијата. Можеби се уште сме далеку од перфектна солуција но засега е големо олеснување ова што го постигна тимот од Харвард. Ако ништо друго ни го олеснува броењето на јаглехидрати при консумирање на одредена храна.
Иако со напредок на технолигијата се олеснува третманот сепак некои од учесниците како пример Lori Laffel директорот на програмата за детски дијабетес на Џослин, ја изрази важноста на еден вид класична медицина, емоционална интелигенција и човечки допир, разумно чуствување на проблемите и потребите на децата и нивните семејства.
Прв дел.
Извор http://www.diyabetimben.com/category/haberler-ve-gelismeler/