Малините се одличен извор на растителни влакна, витамин Ц и моќни антиоксиданти, кои нудат различни здравствени и хранливи придобивки. Малините можете да ги вклучите во вашата исхрана така што ќе ги додадете во салати или смути или едноставно ги јадете како свежо овошје.
Една чаша (123 грама) малини содржи :
Калории: 64
Јаглехидрати: 14,7 грама
Растителни влакна: 8 грама
Протеини: 1,5 грама
Масти: 0,8 грама
Витамин Ц: 54% од референтниот дневен внес (RDI)
Манган: 41% од RDI
Витамин К: 12% од RDI
Витамин Е: 5% од RDI
Б витамини: 4-6% од RDI
Железо: 5% од RDI
Магнезиум: 7% од RDI
Фосфор: 4% од RDI
Калиум: 5% од RDI
Бакар: 6% од RDI
Малините се богати со неколку моќни антиоксидантни соединенија, вклучувајќи витамин Ц, кверцетин и елагична киселина.Малините исто така содржат мали количини на витамин А, тиамин, рибофлавин, витамин Б6, калциум и цинк
Бенефит
1.Малините имаат ниска содржина на јаглехидрати и богати се со растителни влакна, што ги прави добар избор на храна за лица со дијабетес. Малините може позитивно да влијаат на шеќерот во крвта поради нивната висока содржина на влакна и танини.
2.Малините имаат антиинфламаторни својства кои можат да ги намалат симптомите на артритис.
3.Помагаат во губење на тежина бидејќи се ниско калорични.
4.Штитат од кардиоваскуларни и канцерогени заболувања.
Извор https://www.healthline.com/nutrition/raspberry-nutrition#antioxidants