JDRF -Juvenile Diabetes Research Foundation – (Фондацијата за истражување на јувенилен дијабетес )
FDA – Food and Drug Administration- (Администрација за храна и лекови)
FDA-Администрацијата за храна и лекови го одобри првиот т.н. вештачки панкреас за пациентите со тип 1 дијабетес. JDRF го прослави одобрението на првиот т.н вештачки панкреас. Според JDRF одобрувањето на затворениот хибриден систем на Medtronic значително ќе ја подобри контролата на шеќерот на крвта и со тоа ќе ги намали тешкотиите на лицата со тип 1 дијабетес.
Њујорк, 28 септември, 2016 – JDRF: веќе една деценија преку истражување и застапување на развојот на системот на вештачки панкреас, го прослави одобрувањето на првиот хибрид т.н вештачки панкреас како технологија и уред кој според – JDRF ќе биде и животен значење за лица со тип 1 дијабетес.
Системот на вештачки панкреас е составен од инсулинска пумпа, сензор за постојан мониторинг на гликоза и софтвер за автоматизација на испорака на точниот износ на инсулин во право време. Системот „Медтроник минимед 670Г“ континуирано го следи нивото на шеќер во крвта и го доставува потребниот инсулин. Новиот систем е прв одобрен систем за автоматизација на дозирање инсулин за да се намали нивото на крвниот шеќер. Во клиничките испитувања, системот 670Г во 72 % од времето овозможува подобра контрола на шеќерот спрема 64% без овој уред. Во текот на ноќта кога опасноста на хипо и хипер гликемија е поизразена,овој сооднос е 75% добро контролирана гликемија со вештачки панкреас спрема 67% проценти без овој уред. Според испитувањата HBA1C од 7.4% по употреба на овој систем е намален на 6.9%. Во Системот ќе се користи нов вид на Medtronic пумпа, сензор од 4-та генерација и алгоритамска контрола за да се автоматизира базалната испорака на инсулин за да се нормализира нивото на гликоза во текот на денот и ноќта. Системот ги мери нивоата на гликоза кај пациентот, испорачува инсулин или го задржува, според нивото на шеќер во крвта, помагајќи им на пациентите да ги одржуваат нивоата на гликоза во нормални рамки во поголем дел од времето. Ова се однесува на базалот, додека болусот ќе се адаптира според внесената храна. Во изминатата деценија, JDRF има инвестирано повеќе од 116 милиони $ во различни истражувачки проекти за вештачки панкреас, со цел да помогнат во развојот на поголем, посигурен избор на третман за лицата што живеат со тип 1 дијабетес. Ова е успех кој не можеше да се реализира без посветеноста на JDRF, нејзините партнери, истражувачките тимови како и целокупната подршка од многу заедници за дијабетес.