Gobi Makhani Masala

239

Gobi Makhani Гоби Махани значи карфиол во сос со путер
Карфиолот добива многу убав егзотичен вкус

 

Потребно е

За сосот
1 главица карфиол (200 гр)
1 главица кромид
2 домати
15 непечени индиски ореви
Зачини : ½ м.лажица чили. ½ м.л кафеав шеќер, сол,1 м.л кари,куркума (замена за масала во прав), ким, allspice, кореандер
1 л. Маслиново масло
1 лажица путер
2 чешни лук
1 мало парче свеж ѓумбир
Ловоров лист
80 мл кокосово млеко
80 мл вода
Сол, кардомон
Свеж коријандер

Подготовка
Карфилото исецкан на мали парчиња  се мие, се става во топла вода и се вари 3-4 минути. Се цеди и се остава да се олади.

 

Во тава со една лажица масло се пржи кромидот, се додава доматот, индиските ореви, зачините и се крчка 5-7 минути со постојано мешање додека доматот не омекне.
Се трга на страна да се олади и се блендира со малку вода.

Во тава со една лажица путер се прѓи лукот, ѓумбирот.Се додава блендираната смеса,ловоров лист, сол , кардамон , кокосово млеко, вода и кога ќе почне да врие се додава варениот карфиол, се поклопува и се вари уште 4-5 минути.

Во меѓувреме сварете долгозрнест ориз

Сервирајте го со ориз и украсете со свеж со коријандер

Нутритивна вредност на карфиолот
Калории (Kcal) 482
Јаглехидрати 36 гр од кои
Растителни влакна 9 гр
Протеини 11 гр
Масти 36 гр

Варен долгозрнест ориз

4 с.лажици
40 калории
Јаглехидрати 10 гр