FreeStyle Libre

2027

FreeStyle Libre е систем за континуирано, постојано мерење на нивото на гликозата во крвта составен од два дела: сензор кој се прикачува на телото и читач, со кој се “минува” над сензорот за да ја прочита вредноста која во тек на 24 часа во сeкоја минута се мери (скенира) нивото на шеќерот во крвта. Сензорот е водоотпорен. Едноставен е за користење и со секое скенирање се чита моменталната вредност на шеќерот во крвта, при што има графички приказ на ниво на шеќер во крвта во последните 8 часа и стрелка која покажува евентуален пад или качување (тренд на идно движење) на шеќерот.
libre-reader

Читачот (Libre-reader) дава податоци за моменталното ниво на шеќерот во крвта и дава графички приказ на нивото на шеќер во крвта во последните 8 часа. Читачот ги чува податоците во рок од 90 дена, вади просек за 7, 14, 30 и 90 дена. Базиран на постојаното скенирање од страна на сензорот, покажува колку од претходно посоченото време го минувате во хипо или хипер и во кој дел од денот, и уште многу предности кои и тоа како ја помагаат регулацијата на шеќерот во крвта.
sensor.jpg

Сензорот мери ниво на шеќер во крвта во интервал од 1 минута. Секој сензор трае точно 14 дена.
301819-preview-pressemitteilung-abbott-gmbh-co-kg-abbott-diabetes-care-das-glukose-messsystem-freestyle-libre-von-abbott-ist-ab-heut

За читање на ниво на шеќер во крвта читачот се приближува до сензорот на оддалеченост од 1 до 5 см при што се добиваат моментални вредности. Скенирањето, според упатството на производителот е возможно преку облека од дебелина од 4 мм, но и повеќе.
Freestyle-Libre-side.jpg

По одлука на Abbott, Freestyle  Libre е пуштен во продажба во Европа кон крајот на 2014 година во следните западноевропски држави: Германија, Велика Британија, Италија, Франција, Австрија, Холандија, Грција, а од крајот на изминатата 2016 година и во САД.

Подготвила: ‎Наташа Деспотовска Димитриевска