Enlite™ сензор за гликоза

268

Enlite™ сензор за гликоза (сензор)  CGM 

Сензор Enlite™
ИНДИКАЦИИ ЗА УПОТРЕБА
Сензорот е наменет за употреба за постојано следење на нивото на гликоза кај лица со дијабетес.

КОНТРАИНДИКАЦИИ
Не се познати

ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
– Ако отчитувањето на гликозата од вашиот сензор е високо или ниско, или ако чувствувате симптоми на висока или ниска гликоза, потврдете ја вашата гликоза во крвта со вашиот глукомер пред да донесете одлука за терапија за да избегнете тешки состојби со висока или ниска гликоза.
-Држете ја раката во должината помеѓу вас и пациентот кога ја отстранувате иглата. На сензорот е прикачена игла што може да се повлече и може да се појави минимално крварење.
-Чувајте го куќиштето на иглата постојано на повидок за да избегнете случајна повреда  од игла.
-Секогаш проверувајте го пакувањето за оштетување пред употреба. Сензорите се стерилни, освен ако пакувањето не е отворено или оштетено. Не користете ниту еден од сензорите ако стерилното пакување е отворено или оштетено. Употребата на нестерилен сензор може да предизвика инфекција
Гледајте дали има крварење на местото на вметнување (под, околу или над сензорот). Направете постојан притисок користејќи стерилна газа или чиста крпа поставена на врвот на сензорот до три минути, доколку дојде до крварење. Употребата на нестерилна газа може да предизвика инфекција.
-Не  го прикачувајте го транмитерот на сензорот, ако крварењето не престане. Крвта може да влезе во конекторот на предавателот, што може да го оштети уредот. -Отстранете го сензорот и продолжете со постојан притисок додека не престане крварењето.

1. Отстранете го сензорот и фрлете го.

2. Проверете го местото на црвенило, крварење, иритација, болка, осетливост или воспаление и третирајте соодветно .

3. Вметнете нов сензор на друга локација.

Повеќе информации за сензорот на

https://www.medtronicdiabetes.com/sites/default/files/library/download-library/user-guides/Mp6025676-2AF1_a_pdf.pdf