Eдукативни работилници за дијабетес на воспитно-згрижувачкиот персонал во градинките

2155

Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија – Баланс МК, во соработка со локалната самоуправа на општина Кисела Вода, од денес до петок (06-09.02) во Јавната детска градинка “8-ми Март“ ќе одржува едукативни работилници за дијабетес на воспитно-згрижувачкиот персонал во градинките, а во насока на што поквалитетно згрижување на дечињата со дијабетес коишто ги посетуваат и ќе ги посетуваат објкетите на оваа воспитно-згрижувачка установа лоцирана на подрачјето на општина Кисела Вода.
Низ процесот на едукација којашто ќе ја вршат едукатори (стручни медицински лица) обезбедени во рамки на проектот на “Баланс МК“, ќе минат сите вработени во градинката (воспитувачки и негувателки), односно во шесте објекти во состав на ЈДГ “8-ми Март“ во кои инаку се згрижуваат околу седумстотини дечиња од седуммесечна до шестгодишна возраст.
Благодарност за реализација на проектот за основна едукација за дијабетес во градинките во опш. Кисела Вода до:
Локалната Самоуправа на општината
Градоначалникот Филип Темелковски
Ново Нордиск Македонија
Адриамаед
Рош Македонија
Клиника за ендокринологија и Татјана Ѓорговски



Извор:
БалансМК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија