CGMs
И во Македонија има регистрирано системи за континуирано следење на гликемија
CGMs (Continuous Glucose Monitors systems) или системи за континурирано следење на гликемија се медицински уреди кои на лицата со дијабетес, особено на оние на интензивирана инсулинска терапија – базал/болус или со инсулинска пумпа, им овозможуваат значително подобра гликемиска контрола, помал број на хипогликемии и помала глуковаријбилност.
За прв пат овие системи FDA ги има одобрено пред нешто повеќе од 20 години, односно во 1999 година, но првично тие биле наменети единствено за професионална употреба. Иако комерцијалните модели на овие системи многу брзо се развиле, на почетокот тие не биле прифатени а, заради отстапките во мерењата кои биле поголеми од 20% (отстапка слична како кај глукомерите со кои денес мериме од капка крв овде, во Македонија: практично – недозволиво, особено што мерењето од крв се’ уште останува најпрецизен метод и единствен начин за калибрација на CGMs).
Но, и не поминало толку многу време кога овие системи и нивните софтвери и алгоритми значително многу се подобрија, па денес во светот кај третманот на дијабетесот, особено кај тип 1, тие претставуваат алфа и омега за добра глукорегулација. Во последните 5-10 години CGMs на америчкитe производители DexCom, Medtronic и Abbott и нивниот развој и подобрувања на овие системи, го постигнаа бараниот стандард и буквално направија “бум’’ во технологијата и индивидуализираниот пристап кај третманот на дијабетесот. Тие заедно досега лансираа повеќе од десетици системи од кои дел веќе не се произведуваат на сметка на подобрените перформанси на поновите модели. Така, позади секој од овие системи може да се сретнат ознаките како на пример: Free StyleLibre 1, Free StyleLibre 2, Free StyleLibre 3, dexcom g4, dexcom g5, dexgom g6, Enlite 2, Guardian 2 Link, Guardian Connect итн. Секако дека кон најдобрите треба да се додадат и оние кои (се) развиваат и се присутни на пазарот со свои CGMs, како што се кинеско-американските компании Medtrum, Infinovo, Ascensia итн. На нам, луѓето кои живееме со ова слатко чудовиште, и тоа како ни одговара што поголем избор на овие системи. До душа овде, во Македонија, немаме никаков избор! Бар да имавме некаква можност… со која во секое време би имале прецизен увид во движењето на шеќерот во крвта на неинвазивен начин, а со што значително би ја подобриле и контролата на оваа хронична состојба со која живееме.
Денес повеќето вакви системи се состојат од три дела: сензор кој се аплицира во поткожно ткиво, трансмитер кој ги превзема податоците од сензорот и третиот дел е монитор од кој ги читаме вредностите. За третиот дел, односно мониторот, денес скоро сите CGMs ги користат предностите кои ги нудат паметните телефони, па во зависност од одредениот систем кој се користи, за него постои соодветен софтвер или апликација. Од овој метод на континуирано 24часовно, БЕЗБОЛНО следење на глукозата, потрошувачите или лицата со дијабетес бараат поголема прецизност во мерењата, а производителите секојдневно стремат кон подобрувања на перформансите. Мерењата т.е. скенирањата на шеќерот системите ги вршат од интерстицијалната или меѓуклеточната течност во организмот. Иако оваа течност е значително погуста, па нивото на шеќерот во неа и поспоро се менува, сепак вметнатата вештачка интелегенција или алгоритмите на овие системи, покрај мерењето ни нудат и показатели т.е. трендови на идно движење на шеќерот во крвта – дали тој ќе биде стабилен, односно дали ќе расте или паѓа и дали тие падови и растови ќе бидат спори или нагли: предвидување на хипо или хипергликемии во реално време. Просто речено – фантастичнен напредок во третманот на дијабетесот!
И во Македонија има регистрирано системи за континуирано следење на гликемија (втор дел)
Системите за континуирано следење на гликемија се состојат од три дела:
1. Сензор кој се аплицира во поткожно ткиво,
2. Трансмитер кој ги превзема податоците од сензорот и преку Bluetooth ги праќа во третиот дел
3. Mонитор, од кој ги читаме вредностите.
За третиот дел, односно мониторот, денес скоро сите CGMs ги користат предностите кои ги нудат паметните телефони, па во зависност од одредениот систем кој се користи, за него постои соодветен софтвер или апликација.
Во Македонија од минатата година е регистриран ваков систем – GuardianTM Connect, а за чија регистрација очигледно поим нема ниту една компетента институција почнувајќи прво од МАЛМЕД, потоа МЗ и ФЗОМ. Нивното незнаење за постоењето на ваков регистриран производ се состои во одоговорот кој го добивме преку Народен Правобранител по поднесена Претставка од страна на БАЛАНС МК и СЗДМ (за дискриминација на децата со дијабетес овде, а во споредба со оние во светот). Имено, одговорот кој го добил тој, Народниот Правобранител од посочените институции, а потоа и ние преку него, беше: го немате уредот затоа што таков производ не е регистриран во Македонија. Е, па, драги мои, ваков систем кој мери безболно и во реално време има регистирано кај нас, а тоа многу лесно се проверува.
Guardian Connect системот припаѓа во групата на rtCGMs, односно тој претставува уред кој континуирано ја следи гликемијата во крвта во реално време без физичко скенирање на сензорот, како што е на пример Libre системот, кој од друга страна претставува fGMS – флеш мониторинг систем. Тоа што за либре-сензорите постојат неколку видови на трансмитери кои исто како и сензорите сами си ги набавуваме и плаќаме, а за да добиеме од “флеш” – fCGM, real time –rt систем, е друга приказна.., веќе милион пати раскажана.
Guardian Connect системот е наменет за сите старосни групи кои се на интензивирана инсулинкса терапија базал/болус и на инсулински пумпи. Системот е составен од следните компоненти:
1. Сензор – GuardianTM Sensor 3
2. Трансмитер – GuardianTM Connect
3. Мобилна апликација -GuardianTM Connect
4. CareLinkTM softver
Функционира на тој начин што малиот сензор се поставува подкожно со помош на едноставен апликатор, и во текот на денот и ноќта мери непрестајно глукоза во меѓуклеточната течност. По аплицирањето на сензорот со него се поврзува трансмитерот кој безжично, преку блутут сигнал испраќа податоци за движењето на гликозата во примачот на податоци – мобилниот телефон на корисникот (апликација -GuardianTM Connect). Така пациентот има постојан увид во движењето на гликемијата во секое време.
Guardian Connect мери глукоза на секои 10 секунди, а покажува просек од тие мерења на секои пет минути на мобилниот телефон. Така, за 24 часа собира вкупно 288 мерења, што овозможува реална слика на движењето на шеќерот, како и неговите варијабили и трендови.
Guardian Connect системот има предупредувања (аларми) кои можат да се подесат, па пациентот има можност да добие информација за високи или ниски вредности на гликемијата, а пред тие да се случат. Овие предупредувања може да се подесат од 10 до 60 минути пред самото случување на хипо или хипергликемија, па тие да се превенираат, а се со цел да се остане во посакуваното време на опсег (Time in Range) со што долгорочно гледано, се превенираат и компликации. Овој праг на предупредувања може да се постави во вредности од 3,3 до 22,2 mmol/L односно да се прилагоди на индивидуалните потреби на секој еден корисник, во зависност од возраста, начинот на живот, физичката активност итн. Овие предупредувања (аларми) се исклучително важни во текот на ноќта, како и за сите оние кои не ги препознаваат знаците на висок или низок шеќер.
Системот се калибрира два пати дневно, што овозможува висока точност во мерењата (MARD 8.7%) и го прави еден од најточните rtCGMs на светско ниво. Со самото тоа претставува многу ефективана алатка во спречување на глуковаријабилноста.
Мобилната апликација Guardian Connect има можност за внесување на белешки (дневник) за инсулин, внес на ЈХ (храна) и физичка активност. Податоците автоматски се синхронизираат со CareLink Personal softver-от. На тој начин родителите ако станува збор за дете со дијабетес, или пак брачниот партенер, и секој оној кој ќе биде избран како “партнер” (Care Partner), Care Link софтверот ќе им овозможi пристап до гликемиите и податоците во реално време. Care Partner- ите ќе имаат предупредувања односно аларми и преку текстувални (SMS) пораки на својот мобилен телефон.
Дополнително корисно е и тоа што големиот број на податоци кои Guardian Connect ги прибира, му олеснува и на ендокринологот во носењето на одлуки за лекување и терапија.
Извор https://www.facebook.com/natasa.despotovskadimitrievska Автор:Наташа Деспотовска Димитриевска