Хељда со зеленчук

566

Како да се готви хељдата? За да ја засакате хељдата треба да знаете и правилно да ја зготвите. Затоа, денес решив да покажам како мене ми ја спремале хељдата додека живеев во EX-Совјетски земји каде “гречневая крупа” и те како е застапена.

Потребно е

1 чаши хељда
сол- 1/2 лажиче.
вода – 2 чаши
маслиново масло – 1 лажица.

Подготовка
Измијте ја хељдата и оставете минута две да се исцеди водата и ставете ја хељдата во сува тава на среден огин и постојано мешајте да не изгори. Во друг сад ставете 2 чаши вода и сол . Кога водата ќе зоврие ставете ја пржената леќата и оставете ја да зоврие. Кога ќе се појави пена отстранете ја пената и додадете масло. Намалете ја топлината на ринглата и варете ја хељдата 6-8 минути. Тргнете го од оган, покријте го тенџерето и оставете да стои уште неколку минути.