Медитеранска диета

2665

Медитеранската диета која е богата со овошје и зеленчук е позната и многу често препорачана како исхрана на лица со дијабетес како и превенција за тип 2 дијабетес. Растителните влакна кои се составен дел на оваа диета се од големо значење во регулирање на нивото на шеќерот во крвта.
Карактеристики на медитеранската диета
Продукти кои се составен дел на традиционалната медитеранска диета се: риба, живина, свежо овошје, свеж зеленчук, мешунки, свеж леб (интегрален), тестенини, маслиново масло.Една од причините зошто медитеранската диета се смета за многу здрава е фактот што таа содржи свеж зеленчук со кое се внесуваат многу растителни влакна, антиоксиданти, витамини и минерали. Зеленчукот кој доминира во медитеранската диета како што се домати, пиперки, модар патлиџан, маслинки, кромид, рукола и зелена салата се препорачуваат за одржување на добри гликемии кај лица со дијабетес.
Овошјето е исто вклучено во диетата, но со оглед на тоа да оваа диета се препорачува на лица со дијабетес се посочува да се конзумира овошје со помалку шеќери односно во поголем процент да биде вклучено шумското овошје.
Медитеранската диета вклучува и “добри масти” од различни извори пример: риба, маслиново масло, авокадо, јаткасти плодови, моцарела, јогурт, фета и др.
Протеините се вклучени со внесување на јаткасти плодови, легуминози, семиња, јајца, живина и мал внес на црвено месо.
Јаглехидратите се вклучени преку тестенини и домашно направен леб (интегрален), како и зеленчук кој содржи скроб но кој треба да се ограничи на една порција за да не дојде до покачување на шеќерот. Внесот на житарки е потребен за балансирана исхрана затоа и се инсистира на контролиран внес.Главниот фокус на медитеранската диета е да се консумираат свежи продукти а да се избегне процесирана храна.
Зошто се препорачува медитеранската диета?
Овој начин на исхрана често се препорачува од страна на здравствените работници и NHS ( National Health Service- Националната здравствена служба на В.Британија), бидејќи има поголем процент на незаситени масти во споредба со заситени масти, вклучува многу свеж зеленчук и се заснова на непреработена храна.Исхраната не е рестриктивна диета, при што нема недостаток на витамини или минерали и затоа добива уште повеќе позитивни пофалби како правилен и лесен начин на исхрана на лица со дијабетес.

(извор:http://www.diabetes.co.uk/diet/mediterranean-diet.html)