Салата од ситен булгур-Кисир

544
Денес ќе споделам рецепт кој го научив од пријателка од Турција. Се вика Кисир (Kısır)
Салата од ситен булгур
Потребни состојќи :
2 чаши булгур
2 чаши топла вода
1 с.л пире( сос) од пиперки
1 с.л пире(сос) од домати
4 с.л маслиново масло
1 с.л сос од калинка
2 лимона
1 китка млад кромид
1 китка магдонос
1 китка копар
1 чешне лук
Зачини: 2 м.лсол, 1 м.л бибер, сумак, чили пипер, суво нане
Подготовка : Во длабок сад ставете го булгурот. Зовријте ја водата и сипете ја врз булгурот. Покријте го садот со пластична фолија и оставете да одстои 10 минути. Во меѓувреме исечкајте ги кромидот, магдоносот и копарот. Ставете во еден сад маслиново масло и испржете го ситно исецканиот лук. Додадете пире од домати и пиперки. И топол додате го на булгурот. Потоа мешајте убаво со рака и додавајте : сок од лимон, сос од калинка, исецканиот зеленчук, зачини. Сервирајте со листови марула.