Баланс Мк “На наше големо задоволство бевме примени и од амбасадорот на Република Франција во нашата земја, г-динот Кристијан Тимоние“

622

Во рамки на постојаните напори на Баланс Мк за институционална поддршка, прибирање донации и други видови соработка, денес на наше големо задоволство бевме примени и од амбасадорот на Република Франција во нашата земја, г-динот Кристијан Тимоние.
Неговата екселенција г-динот Тимоние љубезно не сослуша за двете наши клучни барања до него, односно неговата земја: мoжна донација на сензори за континуирано и безболно мерење на гликемија. А со оглед на тоа дека во Франција овие медицински помагала се достапни бесплатно за децата и лицата со тип 1 дијабетес и најефтини и достапни во малопродажба – што не е случај во другите европски земји.
И второ не помалку важно – воспоставување на контакти со тамошните здравствени институции надлежни по ова прашање кои би ни помогнале во нашите напори сензорите да станат достапни и за нашите деца и лицата со тип 1 дијабетес.
Г-динот Тимоние покрај изразената поддршка на нашите планови и проекти, ни рече дека ќе стори се што е во негова моќ да се излезе во пресрет на нашите барања, а преку разговори како со француските надлежни институции, така и со нашите.
На крајот, надвор од оваа вест, уште еднаш сакаме да му се заблагодариме на г-динот Тимоние за љубезниот прием и изразеното разбирање за сериозните проблеми што ги имаат нашите деца со овдешната инситуционална неагилност и неволност да се реши проблемот со достапноста на сензорите што е релност не само во евроските земји, туку и во нашето најблиско опкружување и соседството, освен во Македонија.

https://www.facebook.com/asocijacijabalansmk/