Диетата DASH (Dietary Approaches to Stop Hypertension) според многу истражувања се смета за најдобар диететски пристап за спречување на хипертензија. Оваа диета вклучува овошје, зеленчук, цели зрна, млечни производи со малку маснотии, посно месо и мешунки. Даш диетата е богата со калиум, магнезиум, растителни влакна и калциум, но ниска со натриум и заситени масти.
Меѓу овие хранливи материи, калиумот е најпознат по неговата улога во намалувањето на крвниот притисок. „Калиумот делува на неколку различни начини: му помага на вашето тело да го исфрли вишокот натриум и ги релаксира ѕидовите на вашите крвни садови, што овозможува повеќе проток на крв“, вели регистрираната диететичарка и авторка на книги за готвење, Sarah Pflugradt.
Сите зеленчуци се добри, но долу наведените зеленчуци се особено моќни да го заштитат вашето срце од негативните ефекти на високиот крвен притисок
1.Цвекло
Цвеклото е добар извор на нитрати, кои помагаат да се релаксираат крвните садови и може да го подобрат крвниот притисок. Цвеклото е исто така богато со други хранливи материи, како што се калиум, влакна, фолна киселина, манган, витамин Ц и железо – од кои многу се исто така поврзани со намалување на крвниот притисок.
2.Домати
Доматите и производите од домати се богати со калиум и ликопен, две хранливи материи кои можат да го подобрат крвниот притисок и целокупното здравје на срцето. Една чаша чери домати има 395 милиграми калиум, 8% DV. Ликопенот е антиоксиданс кој ги прави овие плодови црвени. Не постои одредена препорака за количеството ликопен што е потребно секој ден, но доматите се еден од најдобрите извори.Варени производи од домати содржат повеќе ликопен дури и повеќе од суровата сорта.
3.Зелен лиснат зеленчук
Кељот, спанаќот, зелката, и другиот лиснат зеленчук се богати со нитрати, кои служат како вазодилататори што ги проширува крвните садови и го подобрува протокот на крв.Бидејќи има толку многу варијанти, овој тип на зеленило се внесува во многу варијанти преку салата, варива и др.
4.Зимска тиква
Сите видови тикви имаат живописна жолта или портокалова нијанса и се преполни со калиум. Една порција тиква има околу 8% DV калиум, како и други хранливи материи, како витамин А, растителни влакна и витамин Ц.
Во крајна линија
Крвниот притисок е важен елемент за здравјето на срцето. Одржувањето на здрави нивоа може да го спречи ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Додавањето на овие пет зеленчуци во вашата чинија ги зголемувате хранливите материи кои придонесуваат за здрав крвен притисок и помагаат да го одржите вашето срце здраво и силно.
Натали Ризо, MS, RD Објавено на 15 јуни 2023 година
Прегледано од диететичарот Емили Лахтруп, М.С., Р.Д
https://www.eatingwell.com/article/8051684/best-vegetables-for-better-blood-pressure-according-to-dietitian/