Був здружение за заштита и едукација на дијабетичари, 31.12.2106 :
Почитувани,
Ве информираме дека денес 31.12.2016г. членови на Здружението за заштита и едукација на дијабетичари Був, во пресрет на новогодишните празници ја посетија Детската клиника во Скопје – Оддел за ендокринологија и на децата им подарија новогодишни пакетчиња со диетески производи и глукомери (апарати за мерење на шеќер во крвта).
Веруваме во искрената и силна волја како на родителите на децата со дијабетес така и во волјата на возрасните лица со дијабетес дека секој проблем поврзан со нашата здравствена состојба во новата година ќе го надминеме брзо, затоа што дијабетесот не е хендикеп, туку една состојба која ништо не менува во однос на нашиот живот, надеж, амбиции, стремежи.
Огромна благодарност до Адриамед и Виталиа за помагање и допринос во денешната посета.
Со почит,
Здружение за заштита и едукација на дијабетичари БУВ
(текстот е превземен од ФБ страната на БУВ здружение за заштита и едукација на дијабетичари)