Костадин Мартинов глобален херој на маратонско трчање
Дијабетесот не е болест туку состојба која, доколку добро се менаџира, може да ја пребродите и да го поднесете и најтешкиот напор, независно каков и да е, за бидете да на крај горди и на самите себеси и на средината околу вас, вели 29-годишниот Костадин Мартинов од струмичко Ново Село за Вест, кој пред седум години се соочил со суровата вистина дека е дијабетичар. Костадин одлучил да трча маратони и да си докаже и себеси и на јавноста дека и со оваа хронична болест може да се остваруваат резултати, и од невозможното да се прави возможно. Пред две години Мартинов стана професионален маратонец. Со вградена инсулинска пумпа трча маратони, а од пред четири месеци е единствениот Македонец и претставник од Југоисточна Европа што е избран меѓу 25-те глобални херои кои, со вграден медицински уред или помагало, $ кажале стоп на својата хронична болест. Последниот маратон му беше во САД, од Минеаполис до Сент Паул, во должина од 42,2 километра.
Одлуката да започне професионално да се занимава со маратонското трчање ја донел благодарение на Нинослав Рашковиќ од Србија, во камп за дијабетичари во Охрид. Почнал скромно, со неформални хуманитарни маратони, за да стане многу брзо единствениот Македонец што со хронична болест трча по 20, 30, 40 километри.
12.02.2014 | 12:20