14 Ноември-Светски ден на Дијабетесот

1792

Кога за прв пат се одбележа Светскиот ден на дијабетес?

Меѓународната федерација за дијабетесот (ИДФ) и Светската здравствена организација (СЗО) вo 1991 година за прв пат го одбележаа 14 Ноември како Светски ден на дијабетесот. Ова имаше за цел да ја разбуди свеста кај луѓето за дијабетесот. Според ИДФ број на заболени лица од дијабетес во 2015 година изнесувал 415 милиони ширум светот. Според предвидувањата до 2040 бројката ќе се покачи на 642 милиони лица.

Зошто 14 Ноември?

Во 1922 година  Frederick Banting и Charles Best. со своето револуционерно откритие на инсулинот ја променија прогнозата на ова заболување. Во таа чест, роденденот на Frederick Banting 14 Ноември е официjално прифатен за ден на дијабетесот.

Зошто син круг?

Иконата првично беше развиена за кампањата што резултираше со усвојувањето на Резолуцијата 61/225 на Обединетите нации “Светски ден на дијабетесот”. Обединетите нации ја усвоија Резолуцијата 61/225 “Светски ден на дијабетот” на 20 декември 2006 година. Знакот на едноставен син круг бил усвоен како официјално лого на светскиот ден на дијабетесот.

-Кругот симболизира живот и здравје.

-Сината боја го симболизира небото кое ги обединува сите луѓе на светот и воедно е бојата на знамето на ООН.

 

извор:
http://www.iph.mk/14-noemvri-svetski-den-na-dijabetesot/
https://myglu.org/articles/world-diabetes-day-and-the-history-of-the-blue-circle
http://www.diabetes.co.uk/World-Diabetes-Day.html
http://www.diabetesatlas.org
http://www.diabetes.co.uk/World-Diabetes-Day.html