Скриени шеќери!

2231

 

Поголем број од нас комсумира многу повеќе шеќери од  препорачаниот дневен внес, некогаш и несвесно, консумирајќи преработена храна која има таканаречени скриени шеќери. Брзото темпо на живот налага да посегнеме по хранa, без да ги погледнеме етикетите, храна која е лесна за консумирање, пример цереали за доручек, разни готови сосови, ниско калорични јогурти, сокови „без додаток на шеќери“, колачи за дијабетичари без шеќер, мармалад без додаток на шеќер, итн. Автсралискиот продуцент Дејмон Гамо, направил мал експеримент на своето тело и притоа снимил документарен филм “That Sugar ” каде ја прикажува опасноста на дебелеење и заболување како последица на поголемо внесување на шеќери од потребно. Имено Дејмон последните 3 години во својот живот, го минимализирал внесот на шеќерите во исхраната, внесувал 45-50 % масти 20-25 % протеини и 25-30 % јаглехидрати, вкупно 2300 к.калории дневно со секојдневна физичка активност од околу 30 минути дневно  пешачење и 3 пати неделно фитнес вежбање. Во експерименталниот дел кој трае околу 60 дена, пред да започне, проверува крвна слика, антропометриски обем на телото односно обем на струк, телесна тежина и го започнува експериментот. Да не заборавиме да кажеме,  повторно дневно ќе внесува 2300 к.калории но со поголем внес на јаглехидрати. Важно е да се напомене дека во неговиот експеримент  внесот на шеќери нема да биде преку газирани пијалоци, слатки, колачи, шеќери туку токму тие скриени шеќери што ги  има во готови преработени “ здрави производи“ пример корн флекс, сосови, овошни сокови, колачи без шеќер, ниско масен јогурт и др. Целта е да се внесе 40 кафени лажици шеќер, количина која по истражување направено во Австралија, е просечен дневен внес на еден автсралијанец. За споредба препорачен дневен внес кај мажи е 9 а кај жени 6 кафени лажици.На крај на експериментот, обем на струкот за само 60 дена бил поголем за околу 10 см, телесната маса со исто темпо на живот и ист внес на к.калории е поголем за 8 килограми. Ензимите кои покажуваат замастување на црниот дроб биле покачени. Исто така се прикажува промена на расположение, умор. Ова е само еден пример колку  изборот на храната влијае врз нашето здравје.