Калорија е единица за енергија.
Постојат две дефиниции за калорија:
- грам-калорија – количеството топлинска енергија потребно за да се покачи температурата на 1 грам вода за 1 °C. Ова е еднакво на ~ 4,2 џули.
- голема калорија, килограм-калорија, прехранбена калорија (kcal)– количеството топлинска енергија потребно за да се покачи температурата на 1 килограм вода за 1 °C. Ова изнесува точно 1000 мали калории.
- 1 грам јаглехидрати има 4 калории*kcal
- 1 грам протеини има 4 калории*kcal,
- 1 грам масти има 9 калории*kcal.
Два најзначајни параметри ни кажуваат колку калории треба да внесуваме, тоа се:
• BMI (индексот на телесна маса) и
• BMR (базален метаболизам)
Базалниот метаболизам ни укажува колку минимум калории треба да внесеме за да се одвиваат виталните функции на телото.
TDЕЕ е калкулатор каде може да пресметате колку калории ви е потребно дневно.Исто така можете рачно да пресметате базален метаболизам со користење на равенката Харис – Бенедикт.
BMR за мажи
BMR = 66 + (13,7 х тежина во килограми) + (5 х висина во сантиметри) – (6.76 x бројот на години)
BMR за жени
BMR = 655 + (9,6 х тежина во килограми) + (1,8 х висина во сантиметри) – (4,7 x број на години)
Примена на Харис – Бенедиктовиот принцип
Без активност
Дневна количина на калории за одржување на тежина = BMR х 1.2
Многу малку активност (1-3 дена во неделата)
Дневна количина на калории за одржување на тежина = BMR x 1,375
Умерена активност (3-5 дена неделно)
Дневна количина на калории за одржување на тежина = BMR x 01:55