Чипс од цвекло
Потребно е:
✅2 главици цвекло
✅1 с.л маслиново масло
✅Сол, рузмарин
Подготовка
Се мие убаво, се суши.
Се сецка ситно на кришки.
Се зачинува со сол, маслиново масло, рузмарин.
Се редат врз хартија за печење во еден слој .
Во претходно загреана рерна на 200с се печат околу 15-20 минути додека не станат крцкави. Се служат ладни.
Нутритивна вредност во 100гр свежо цвекло🔍:
44 калории
10 гр јаглехидрати од кои
2 гр растителни влакна
0.17 гр. масти
1.61 гр. протеини