Потребни состојки
-Сладок компир
-Авокадо
-Рендана краставица
-Маслиново масло
-Лимон
-Сол
-Копар
Подготовка
Исечете го компирот на тенки кругчиња
Зачинете со сол, копар и измешајте со една две лажици маслиново масло (зависно колку компири користите)
Испечете ги на 200c.
Авокадото блендирајте го да добиете кремаста маса, додадете изрендана краставица, пола лимон, сол.
Меѓу обичен компир и сладок секогаш одбирам сладок! Слаткиот компир содржи амилоза и амилопектин. Амилозата постепено го зголемува нивото на шеќер во крвта, за разлика од обичниот компир и затоа се препорачува за лица со дијабетес.
Има висока количина на бета-каротин Исто така е богата со витамин Е, што е исклучително важно за добро здравје.
Слаткиот компир има малку помалку јаглени хидрати од обичните компири и содржи скоро двојно повеќе растителни влакна од обичните компири. Слатките компири се одличен извор на витамин А, калиум, витамин Ц, Б6, рибофлавин, бакар и фолна киселина.
Нутритивна вредност на компирот.
Сладок компир Дневен внес за исхрана од 2000 килокалории
Во 100 гр %Дневен внес
Кило калории 86
Вкупно масти 0.1 гр 0%
Заситени масти 0 гр 0%
Полинезаситени масти 0 гр
Мононезаситени масти 0 гр
Холестерол 0 мг 0 %
Натриум 55 мг 2 %
Калиум 337 мг 9 %
Вкупно Јаглехидрати 20 гр 6 %
Диетални влакна 3 гр 12 %
Шеќери 4.2 гр
Протеини 1.6 гр 3 %
Витамин А 283 %
Калциум 3 %
Витамин Д 0 %
Виатмин Б-12 0 %
Витамин Ц 4 %
Железо 3 %
Витамин Б-6 10 %
Магнезиум 6 %