ЦИНК
Бенефит
Цинкот е минерал кој помага во функцијата на бета клетките на панкреасот, односно во продукцијата и лачење на инсулинот. Помага во формирањето на многу ензими и протеини и создавање на нови клетки. Го ослободува витаминот А од складирање во црниот дроб. Потребен е за имуниот систем и заздравувањето на раните. Кога се зима со одредени антиоксиданти, цинк може да ја одложи прогресијата на макуларната дегенерација поврзана со возраста. Цинкот е особено важен за оние хормони што го регулираат растот на телото и машкиот хормон тестостерон.
Добри извори на храна
Црвено месо, живина, остриги и некои други морски плодови, фортифицирани житарици, грав, јаткасти плодови, јајца, семки од тиква, семки од сончоглед, пивски квасец
Треба да знаете
Бидејќи вегетаријанците апсорбираат помалку цинк , експертите сугерираат да добиваат двојно од препорачаниот дневен внес. Исто така се препорачуваа лицата со дијабетес да внесуваат редовно цинк. При недостог на цинк доаѓа до опаѓање на косата, иритација на кожата, чести инфекции
Препорачан дневен внес M:11мг, Ж:8 мг;
https://www.health.harvard.edu/staying-healthy/listing_of_vitamins