Цвекло

1820
Цвекло  Дневен внес за исхрана од 2000 килокалории
Во 100 гр %Дневен внес
Кило калории  43
Вкупно масти  0.2 гр 0 %
Заситени масти  0 гр 0 %
Полинезаситени масти 0.1 гр
Мононезаситени масти 0 гр
Холестерол 0 мг 0 %
Натриум 78 мг 3 %
Калиум 325 мг 9 %
Вкупно Јаглехидрати 10 гр 3 %
Диетални влакна 2.8 гр 11 %
Шеќери 7 гр
Протеини  1.6 гр 3 %
Витамин А   0 %
Калциум 1 %
Витамин Д 0 %
Виатмин Б-12 0 %
Витамин Ц 8 %
Железо 4 %
Витамин Б-6 5 %
Магнезиум 3 %

 

Цвеклото може да се употребува во текот на целата година. Цвеклото е богато со витамини, минерали и фитохемикалии, ниско калорично е и добар извор и на растителни влакна.

Бенефит:

-Цвеклото може да помогне во намалување на високиот крвен притисок, Присуството на неоргански нитрати  кои се претвараат во азотен оксид овозможуваат превенција од кардиоваскуларни заболување. Со релаксација на крвни садови се подобрува протокот на крвта, помага при контракцијата на мускулите како и при преносот на нервните сигнали.

-Ја подобрува кондицијата. Доста е полезен да се консумира пред секој тренинг (2-3 часа најмалку пред тренингот) при што се зголемува кондицијата на спортистот.

-Го подобрува нивото на хемоглобин во крвта

-Содржината на магнезиум овозможува релаксација на мускулите

-Помага во дигестија затоа што е богато со растителни влакна

-Содржи антиоксиданти кои помагаат  во спречување на оштетување на клетките.

 

Рецепт со цвекло

 

(сликата е превземена од  aviatorv.com)
АКЦИЈА
Претодна содржинаРотквица
Следна содржинаПашканат