Хромот е минерал кој е есенцијален за метаболизмот на инсулин. Тој ја зголемува активноста или ефикасноста на инсулинот во дистрибуција на гликозата во организмот, со што овозможува помала количина на инсулин поефикасно да ја завржи својата работа. Храна богата со хром е брокулата, аспарагусот, боранијата, интегралниот ориз, печурките, зрнести производи, компирите, бананите, јајцата, квасецот, телешкото и пилешкото месо и други намирници. Исхрана богата со прости шеќери доведува до поголема екскреција на хромот преку урината, што води кон намалена регулација на инсулинот.
Автори:
Сашко Дрвошански
Везире Старова