КРИТЕРИУМИ ЗА ХИПОГЛИКЕМИЈА
- Ниско ниво на плазматска гликоза (< 3.0 mmol/L или 3.3 mmol/L, адекватно, кај тешка хипогликемија < 2.5 mmol/L или 2.8 mmol/L).
- Карактеристични симптоми за хипогликемија (можат да отсуствуваат, види подо-лу).
- Симптомите исчезнуваат по давање гликоза.
СИМПТОМИ НА НЕНАДЕЈНААДРЕНЕРГИЧНА ХИПОГЛИКЕМИЈА
Симптоми
Палпитации на срцето
Потење
Глад
Тремор на рацете
Вознемиреност
Забележи дека овие симптоми можат да исчезнат со траење на дијабетесот или ако гликозниот баланс бил кон долната граница и пациентот имал повторувани хипогликемиски пристапи. Во последниот случај, зголемување на нивото на крв-ниот шеќер може за неколку недели или месеци да ги обнови предупредувачките симптоми.
Ако нивото на крвниот шеќер било високо подолг временски период, некои паци-енти можат да развијат симптоми на хипогликемија дури и кога нивото на крвниот шеќер е нормално. Ова може да е резултат делумно на физиолошката адаптација, што може да се коригира со подобрување на гликозаниот баланс. Често причина е стравот на пациентот од хипогликемија како разлутат на поранешни искуства. Се препорачува дискусија со пациентот за проблемот.http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf