ХИПОГЛИКЕМИЈА
- Целта на инсулинската терапија е да се избегнат вредности на крвниот шеќер под 4 ммол/л. Во праксата ова може да биде тешко.
• Симптомите, главно, се јавуваат кога нивото на крвниот шеќер во плазмата е под 3.0 ммол/л. Симптомите можат да бидат изменети или ослабени ако болеста трае долго време, пациентот има чести епизоди на хипогликемија или гликемиската контрола е лоша.
• Хипогликемијата често е следена со реактивна хипергликемија. Како резултат на ексцесивна секреција на контраинсулински хормони, инсулинската резистенција може да трае до 24 часа по хипогликемиската епизода.
• Најчести причини за хипогликемија се:
• Преголема количина базален инсулин кој делува во текот на ноќта.
• Прандијалниот болус е преголем во однос на јагленохидратниот внес.
• Случајна грешка во инјектирањето.
• Грешка во диетата: одложување или пропуштање на оброкот со високи концентрации на цркулирачки базален инсулин.
• Неочекувана физичка активност без намалување на инсулинската доза или зголемување на јагленохидратниот внес.
• Физичка активност (без намалување на инсулинската доза или екстра јаглени хидрати) во текот на максимален ефект на инсулинската доза.
• Побрза инсулинска апсорпција поради промена на техниката или местото на инјектирање.
• Случајна интрамускулна или интравенска инјекција.
• Прекумерен внес на алкохол или симптоми на прекинување (мамурлак) поради инхибирана хепатална гликозна продукција.
• Намалени потреби за инсулин во текот на период на ремисија, поради загуба на тежина, бубрежна инсуфициенција или ендокрини нарушувања, како хипотиреоза или адренална инсуфициенција.(Текстот е превземен од http://zdravstvo.gov.mk/ “Упатство за практикување на медицина заснована на докази при инсулински третман на тил 1 дијабетес“)