Хељда

1732
Хељда  Дневен внес за исхрана од 2000 килокалории
Во 100 гр %Дневен внес
Кило калории  343
Вкупно масти  3.4  гр 5 %
Заситени масти  0.7 гр 3 %
Полинезаситени масти 1 гр
Мононезаситени масти 1 гр
Холестерол 0 мг 0%
Натриум 1 мг 0%
Калиум 460 мг 13 %
Вкупно Јаглехидрати 72 гр 24 %
Диетални влакна 10 гр 40 %
Шеќери /
Протеини  13 гр 25  %
Витамин А   0 %
Калциум 1 %
Витамин Д 0 %
Виатмин Б-12 0 %
Витамин Ц 0 %
Железо 12 %

Хељдата нее житарка туку псевдожитарка.
Хељдата е ниско калорична, богата со растителни протеини што ја прави извонреден избор за вегетаријанци
Богата е со манган,магнезиум, фосфор, бакар, повеќето витамини од групата Б, цинк железо, цинк
Бенефит

-Превенира кардиоваскуларни заболувања
Хељдата го намалува хроничното воспаление и го намалува нивото на холестерол а со тоа и превенира од кардиоваскуалрни заболувања,

-Превенира оштетување од оксидативен стрес.
Хељдата содржи антиоксиданти како што се рутин и кверцетин, фитонутриенти лигнани, растителни влакна, магнезиум калиум. Моќниот антиоксидант рутин може да придонесе и за намалување на крвниот притисок, додека кверцетинот од хељдата научниците го поврзуваат со намалување на хоелстеролот,  намалување на крвниот притисок и телесната тежина.

-Антиинфламаторно дејство.Слободните радикали доведуваат до оксидативен стрес што доведува па до инфламација.Кај хељдата се утврдени низа фенолни антиоксиданти кои  превенираат оксидативните оштетувања на кардиоваскуларниот систем, црниот дроб, дигестијата. Други моќни антиоксидативни компоненти утврдени кај хељда семето: рутин, кверцетин, хлорогенична киселина, ориентин, изоориентин, витексин, изовитексин итн.

-Кај лица со дијабетес.Хељдата е богат извор на сложени јаглехидрати, протеини и растителни влакна. Содржината на растителни влакна  превенира пикови на шеќерот во крвотокот. Дополнително, рутинот одредени истражувања го поврзуваат со намалена инсулинска резистентност.

Хељдата содржи аминокиселини лизин и аргинин кои ретко се наоѓаат во други видови на семиња и полнозрнести производи.Дополнително, оваа храна е погодна и за лицата со целијакија, бидејќи не содржи глутен.

Одличен извор е на минерали

Многу повеќе од ориз, пченица пченка

◦ Манган  важен за многу метаболички процеси
◦ Бакар
◦ Магнезиум
◦ Железо
◦ Фосфор – важен минерал за раст и развој.
◦ Цинк – особено важен за имунитетот.

Во споредба со минералите во повеќето житарки, оние од хељдата многу подобро се апсорбираат во дигестивниот тракт. Причината е ниската содржина на фитична киселина кај хељдата, која е најчестиот инхибитор на апсорпцијата на важни  нутриенти од храната.

 

 

(сликата е превземена од www.lepotaizdravlje.rs )
АКЦИЈА
Претодна содржинаСпелта
Следна содржинаЈачмен