Потребни состојки:
една чаша хељда
цвекло 2 главици
авокадо 1 чаша
црвен пипер 2
ореви 2 с.л
маслиново масло 2 с.л
зачини по желба
Подготовка :
Се мие хељдата и се става да се вари во сад со една лажица маслиново масло и 1 1/2 чаша топла вода. Се додаваат зачини и се поклопува садот. Кога ќе испари водата и кога хељдата ќе омекне се трга и се додаваат две лажици исецкани ореви. На страна се ренда цвеклото и на пареа се динста околу 5 минути. Се лади се додава маслиново масло и зачини. Цвеклото се става врз хељдата. Оброкот се збогатува со авокадо и црвен пипер.
Нутритивна вредност
Вкупно 1275 калории -4 порции
Јаглехидрати вкупно 177 гр
Од кои растителни влакна 40 гр
Масти вкупно 58 гр
Протеини вкупно 30 гр.
1 порција 328 калории
1 порција 44гр. јаглехидрати
1 порција 14.5 гр. масти
1 порција 7.5 гр. протеини