Учество на лица со дијабетес на ВизАир Скопски Маратон 2017

2801

Здружение Алегрија 07.05.2017

И оваа година по 5ти пат учествуваме на ВизАир Скопскиот Маратон. 11 члениот Македонски Дијабетес Тим: Никола Глигороски, Алек Глигоров, Симон Цветановски, Виктор Лукарски, Џанер Бекир, Перица Николовски,  Костадин Беломорски Башлиев, Лилјана Трајковска, Андреј Коруноски, успешно ја заврши 5км трка со одлични гликемии како и нашиот полумаратонец Костадин Мартинов. Измеривме гликемии на 300 тркачи и волонтери од кој, кај неколкумина воочивме благо покачен шеќер во крвта.
Од се срце им се заблагодаруваме на Бојана Илијеска, Ангела Атанасоска и Рената Јакимовиќ за инзворедното волонтерство, на Татјана Ѓорговски за медицинската поддршка, на  Златко Вуевски за супер сликите и на Анастасија Трајкова за логистичката поддршка без која немаше да успееме да го изреализираме овој настан.
Ние трчавме за дијабетес, не за слава и со тоа повторно ги рушиме сите митови за лицата со дијабетес.

Текстот е превземен од фејсбук страната на Здружение Алегрија