УТРИНСКА ХИПЕРГЛИКЕМИЈА
• Утринската хипергликемија е обично како резултат на инсулински дефицит кој може да настане како резултат на следниве причини:
• Ефектот на инсулинот, даден претходниот ден или вечер не трае до следното утро.
• Недостаточен ефект на циркулирачкиот инсулин како резултат на зголемени потреби рано наутро (dawn феномен).
• Висока концентрација на плазматската глукоза пред спиење по вечерна ужина.
• Земање оброк непосредно пред спиење без инјектирање болус инсулин. Земањето ексцесивна количина јаглени хидрати пред спиење од страв од претходна ноќна хипогликемија е честа појава. • Епизода на ноќна хипогликемија како резултат на висока доза на вечерниот инсулин, може да води кон реактивна хипергликемија наутро.
• Мора да се одреди причината за утринската хипергликемија.
• Треба да се извршат повеќе мерења на плазматската гликоза; навечер пред вечерната ужина, пред спиење, во средината на ноќта околу 4 часа пред будење и наутро веднаш по станување.
• Важно е да се утврди дали плазма гликозата е висока или ниска во средината на ноќта и дали пациентот е со хипергликемија пред спиење.
• Ако е потребно, треба да се постави пациентот на гликозно мониторирање со сензор.
(Текстот е превземен од http://zdravstvo.gov.mk/ “Упатство за практикување на медицина заснована на докази при инсулински третман на тил 1 дијабетес“)