УТВРДУВАЊЕ НА ПОТРЕБАТА ЗА ИНСУЛИН
• Вкупната дневна потреба за инсулин на пациент со тип 1 дијабетес и со нормална тежина вообичаено е околу 0.5–0.8(–1.0) единица/кг.
– Потребата може да биде значително помала (0.2–0.6 единица/кг) првите години по дијагнозата (кога сè уште постои извесна резидуална продукција на инсулин) или кај високо сензитивни пациенти.
-Потребата за инсулин се зголемува кај инсулинска резистенција, асоцирана со дебелина, болест или пубертет.
• Од вкупниот дневен инсулин, околу половина (40–60%) треба да се добие од базалниот инсулин и остатокот од прандијалните инсулински болуси.
• Мерењето на гликемијата пред оброците (особено пред појадок) и, ако е неопходно, во текот на ноќта, се користи за одредување на дозата на базалниот инсулин.
• Дозата на прандијалниот инсулин се одредува во зависност од јагленохидратниот внес. Кај возрасни со нормална тежина, потребни се околу 0.8–1.2 единици на болус прандијален инсулин за 10 g јаглени хидрати; потребите се помали кај пациенти со значителна инсулинска сензитивност и поголеми кај пациенти со инсулинска резистенција.
– Со помош на двете мерења, пред и по оброк (околу 1,.5 час по оброк), пациентот треба да се научи како да ја процени поврзаноста помеѓу прандијалниот болус и јагленохидратниот внес. o Ако дозата на болусот била добра, крвниот шеќер нема да се зголеми повеќе од 2 mmol/l од вредноста пред оброкот.
• При различни оброци (во различни периоди од денот) релативната потреба за прандијален инсулин може лесно да варира.
Насоки за инсулинската терапија
• Просечен човек со тежина од 70 kg има дневни инсулински потреби од 40–50 единици.
• Кај просечен човек:
– 10 g јаглени хидрати го зголемуваат крвниот шеќер околу 2 mmol/l.
– Околу 1 единица од прандијален инсулин е потребна да покрие по 10 g јаглени хидрати.
– 1 единица инсулин го намалува крвниот шеќер околу 2 mmol/l.
• Делејќи го бројот 100 со вкупниот број инсулински единици за 24 часа ни дава пресметан ефект на една единица брзоделувачки инсулин.
– На пример, ако вкупниот број единици за 24 часа е 30, една единица брзо делувачки инсулин го снижува крвниот шеќер околу 3 mmol/l. Соодветно, ако вкупниот инсулин се 60 единици за 24 часа, ефектот на една единица брзо делувачки инсулин е околу 1.7 mmol/l.
(Текстот е превземен од http://zdravstvo.gov.mk/ “Упатство за практикување на медицина заснована на докази при инсулински третман на тил 1 дијабетес“)