Во член 203 став 2 од Закон за социјалната заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/2009; 36/2011; 51/2011; 166/2012; 15/2013; 79/2013; 164/2013; 187/2013; 38/2014; 44/2014; 116/2014; 180/2014; 33/2015; 72/2015; 104/2015; 150/2015; 173/2015; 192/2015 и 30/2016) е определено дека “Постапката за утврдување на видот и степенот на попреченост се уредува со правилник за оцена на видот и степенот на попреченост на лицата во менталниот или телесниот развој, што со акт го определува министерот, во согласност со министерот за образование и наука и министерот за здравство.”
Поконкретно, во член 4 од горенаведениот Правилник се определува дека лица со попреченост во менталниот или телесниот развој кои имаат посебни потреби се и хронично болните лица, односно лице со дијабетес како лице со најтешки облици на хронично заболувања и сериозно нарушена здравствена состојба (член 11 од Правилникот)
Повеќе информации на : http://iph.mk/wp-content/uploads/2014/09/Upatstvo-B5.pdf