Потребни состојки:
2 авокада(2×150)
250 гр. чери домати
2 црвени пиперки(150 гр. една)
1 китка магдонос
2 чешни лук
½ лимон (3 с.л)
6 с.л маслиново масло(2 гр.една с.л)
4 стека од туна (100 гр. еден стек)
8 млади компири(70 гр еден вкупно 560)
1 китка рукола (20 гр)
Подготовка:
Исечкајте авокадо, домати, црвен пипер, магдонос, рукола, лук, и измешајте ги состојките со сок од лимон и 2 с.л маслиново масло и оставете да отстои 30 минути во фрижидер.
Сварете го компирот.
Валкајте го стекот во маслиново масло и пржете 5- 8 минути во претходно загреана грил тава со 3 с.л масло.
Сервирајте ја туната со претходно направената салата и компирот.
к.калории | јаглехидрати | диетални влакна | протеини | масти | |
вкупнп | 1593 | 161.8 | 39.5 | 108.7 | 61.2 |
1 порција | 398.2 | 40.8 | 9.8 | 27.1 | 5.3 |
Забелешка: Во една порција имате : 30.5 мг калциум, 770 мг. калиум, 28.75 мг. натриум, 1.4 мг. железо,95.6 мг витамин цАвокадото е богато со витамин К, Е, Ц, Б-6, рибофлавин (Б-2), ниацин (Б-3), магнезиум, калиум и др. Исто така богато е со лутеин, бета каротен и омега 3 масни киселини. Содржината на лутеин и зеаксантин , две фитохемикалии се од особено значење за заштита на видот, честа компликација кај лица со дијабетес. Туната е богата со омега 3 -масни киселини кои помагаат во намалување на холестеролот |
Извор:Sarah Banbery; The diabetic cookbook;
https://www.medicalnewstoday.com/articles/270406.php#benefits
https://www.calorieking.com