Туна со салата од авокадо

2510

Потребни состојки
2 авокада
250 чери домати
2 црвени пиперки
1 китка магдонос
2 чешниња лук
½ лимон
6 с.л маслиново масло
3 с.л сусам
4 туна стека (150гр. еден)
8 млади компири
Подготовка
Исецкајте авокадо, домати, црвен пипер, магдонос, лук и измешајте се убаво со сок од пола лимон и 2 с.л маслиново масло. Оставете ја салатата да остои 30 минути во фрижидер. Крупно сомелете го сусамот и ваљајте го стекот во сусамот и пржете го 5-8 минути во загреана тава со 3 с.л маслиново масло. Компирите, посебно зачинети, испечете ги во рерна и поделете ги на 4 порции. Сервирајте го туна стекот со компирите и салатата од авокадо.

  к.калории јаглени
хидрати гр.
диетални влакна гр. протеини
гр.
масти
гр.
Вкупно 1609 102 28.1 154 59.3
Порција 402 25.5 7 38.6 14.8
Авокадото е богато со нутриенти и со мононезаситени масти поради кое се препорачува на лица со дијабетес

Извор: Sarah Banbery; The diabetic cookbok
(сликата е превземена од www.dishmaps.com )