Третман со течности

918

Третман со течности

Се дава изотоничен солен раствор.
Ако пациентот има хипернатремија (серумски натриум > 155 mmol/L), треба да му се даде 0.45% NaCl-раствор.
За постари пациенти со срцева слабост дозирањето треба да биде претпазливо, да се приспособува на состојбата и на одговорот на пациентот, вообичаено околу 50% од следниве дози:
1.000 mL 0.9% NaCl во текот на првите 30 минути.
500 mL 0.9% NaCl во текот на следните 30 минути.
500 mL 0.9% NaCl/час, додека крвниот шеќер не дојде до 12 mmol/L.
500 mL 5% гликоза/час, додека не се коригира дехидратацијата
Третман со инсулин
Кај тешко дехидрирани пациенти се користи континуирана интравенска инфузија (не се даваат болуси поради краткиот полуживот на инсулинот).
Интрамускуларно дозирање
Почетна доза од 10 до 20 единици.
Продолжување со 6-8 единици секој час.
Кога плазматската гликемија е околу 12 mmol/L и дехидратацијата веќе била третирана, пациентот може да се лекува со супкутано давање 10-15 единици краткодејствувачки инсулин (може да се почне со давање долгодејствувачки инсулин во овој стадиум).
Ако плазматската гликемија не се намали за 2 часа од почетокот на третманот со течности и инсулин, пациентот треба да се префрли на и.в. инсулински третман со 12 единици/час.
Интравенско дозирање
Почетна доза од 8–10 единици како болус.
Во текот на првите часови 6–12 единици (во почетокот нешто од инсулинот се апсорбира на ѕидовите на шишето за инфузија).
Продолжување со 4–6 единици/час.

Инсулинот може да се дава со инфузомат, Растворот е 1.000 mL 0.9% NaCl со соодветна доза кристален брзодејствувачки инсулин. Ако нивото на крвниот шеќер не се намали во текот на 2 часа од почетокот на третманот, се зголемува дозата на 16 единици/час и.в.

http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf