ТРЕТМАН
Умерените симптоми карактеристични за хипогликемија треба да се третираат со ужини што содржат 10 g гликоза, која брзо се ресорбира. Ако симптомите не ис-чезнат за 10 минути, треба да се земе уште една ужина.
Препорачаната ужина содржи:
Сируп од концентриран раствор на шеќер (10 коцки шеќер во топла вода), дадено со лажица
1 dL (половина чаша)овошен сок
2 dL(чаша)млеко
1 парче овошје
1 dL лимонада со шеќер
1 dL сладолед
3-5 парчиња шеќер
1 таблета фруктоза (10 g)
1 лажица мед
20 g чоколадо
При јасна хипогликемија дај една ампула глукагон (1 mg). Дозата е иста за возрас-ни и за деца. Содржината на ампулата се раствора во растворувач што го има во пакувањето и се инјектира супкутано или интрамускуларно. За пациенти во несвесна состојба се дава 10% раствор на гликоза како брза ин-фузија додека пациентот не се освести. Инјекцијата глукагон може да се даде како прва помош. Несвесните пациенти не смее да се форсираат да пијат, но, сепак, концентриран раствор шеќер може да им се понуди со лажица ако нема друг до-стапен третман.
ПОНАТАМОШЕН ТРЕТМАН
Потребно е да се проверат лековите што ги добиваат луѓето со дијабетес и да се испитаат причините за хипогликемијата.
Ако пациентот е збунет, интоксициран или во лоша состојба, треба да се хоспитализира поради набљудување за да се избегне повторување на хипогликемијата.
По следењето, пациентот може да си оди дома ако состојбата се подобрува и ако се смета дека неговата способност за препознавање на хипогликемија е доволна.
Треба да се намали инсулинската доза.
Треба да се договори по-натамошна контрола кај лекарот или сестрата за да се пронајде причината за хипогликемијата и за да се контролира третманот. На пациентот му се потреб-ни јасни совети.
Пациентот постојано треба да носи парче чоколада. Една амула глукагон тре-ба да се чува дома во случај на потреба.
Ефектот на сулфонилуреата е долготраен.
Хипогликемијата предизвикана од сулфонилуреа треба да се набљудува најмалку 24 часа. Мали деца треба да се набљудуваат хоспитално и да се разговара со родите-лите за избегнување вакви состојби во иднина. Ако пациентите не се освестуваат и покрај нормализирањето на крвниот шеќер, мора да се хоспитализираат. Ова може да е во состојба на: Оштетување на мозокот како резултат на хипогликемија или Друго етиолошко објаснување за губење на свеста.
http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf