ТРЕСИБА ФЛЕКСТАЧ

1360

ТРЕСИБА ФЛЕКСТАЧ (TRESIBA FLEXTOUCH)

Генеричко име:insulin degludec

Фармацевтска форма:раствор за инјектирање

Јачина:100 E/1 ml

Пакување: 5 наполнети инјекциски пенкала со патрони х 3 ml/кутија

Состав:1 ml раствор содржи; инсулин деглудек, 100Е (еквивалентен на 600 nmol(3,66 mg) инсулин деглудек)

Што претставува Тресиба и за што се употребува
Тресиба® е базален инсулин со долго дејство наречен инсулин деглудек. Се употребува за третман на дијабетес мелитус кај возрасни, адолесценти и деца на возраст од 1 година и постари.Тресиба® му помага на организмот да го намали нивото на шеќер во крвта. Се дозира еднаш дневно. Во ситуации кога неможете да го следите вашиот редовен распоред на дозирање, вие можете да го промените времето на дозирање, затоа што Тресиба има долг ефект на намалување на шеќерот во крвта.Тресиба може да се употребува во комбинација со инсулински производи со брзо дејство во комбинација со оброк.

Кај дијабетес тип 1 Тресиба® мора секогаш да се користи во комбинација со инсулини со рапидно или брзо дејтсво во комбинација со оброк.
За повеќе информации на :
https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/detailview/883059936