Транспортирање на инсулинот кога патуваме

3202

 После првичните препораки кои ги добиваме при дијагностицирањето на дијабетесот од медицинскиот тим кој се погрижил и во иднина ќе се грижи за нашиот дијабетес, а на една од бројните теми поврзани со инсулинот е и: како да се сочува адекватната температура на инсулин при патување кога температурите се високи или премногу ниски?

Ќе бидам куса, или подобро кажано – прецизна. Еве што најдов и одвоив од производи за одржување на соодветната температура на инсулинот и медикаментите за дијабетес кои се препорачуваат и се нудат на пазарот, а наменети за нивен транспорт.

1) Insulin Cooler Travel Bag by Likelle – Tорба за инсулин од Ликеле

Совршено за дијабетичари со постојано следење на температурата на лекот – Безбедно за летови на долги релации
Цена 149.90 евра

*За производот : Likelle Travelbox кој е направен од висококавлитетни материјали
е дизајниран да го олеснува секојдневниот живот за луѓето кои користат биофармацевтски производи.  Биофармацевтски производи мора да се складираат соодветно за да се спречи расипувањето на лековите. LED-светлото на Likelle -Travelbox и мобилната апликација ќе ве известат дали ограничените температурни вредности се изложени на ризик да бидат надминати. Историјата на температурата се складира во меморијата на уредот и во I-cloud, така што секогаш може лесно да се проверува. Температурата на куќиштето исто така може да се управува со посебни елементи за греење и ладење.
Повеќе информации на  http://www.likelle.com/travelpack.php

2) Insulated Epipen Case – Fridge-to-go, торбица -ладилник за инсулин

Го чува инсулинот и другите медикаменти за дијабетес ладни на соодветна температура. Одобрен е од ФДА ( FDA)
Цена
Мини- $29.95
Стандард – $43.38

*За производот: Торбицата има 2 вградени нетоксични панели наместени странично. Тенок е и компактен. Ова овозможува лесно да се носи во ташна при излегување и перфектна е за во училиште. Идеална е за одржување на лекот на собна температура, ако не е потребно дополнително ладење.

Доколку се патува тогаш торбицата се става во замрзнувач да одстои најмалку 12 часа пред користење за да лековите останат во соодветна температура.
Повеќе информации на http://www.healthsuppliesmarket.com/parcel/336278/

Многу често оваа торбицата се комбинира со Insulpak – Патна торба со 2 гела кои претходно се замрзнуваат пред употреба

Вообичаено 3-те производи кои заедно се зимаат за транспорт и чување на инсулин при патување се :

2а) Insulpak – Патна торба со медицинска изолација со електронски дисплеј за температура кој лади до 30 часа.
Цена $49.95

2б)Medicool – гел

2в) Insulated Epipen Case – Fridge-to-go, торба -ладилник за инсулин

 

 + 

 

3)FRIO Insulin Cooling Wallet –Фрио торбица

Цена $24.49

*За производот: Летно време го одржува инсулинот ладен и безбеден; Зимно време изолира од ниски температури. Не е потребно ладење. Едноставно се активира со ладна вода. Има повеќекратна употрена. Лесно е и компактно.
Повеќе информации на http://www.frioinsulincoolingcase.com/

4) NEWTALL 35.6-46.4℉ USB Insulin Cooler Case Portable Reefer Car Small Refrigerator for Insulin – инсулински ладилник за во кола

Цена $116.99

*За производот: Температура на ладење: 2-8 ℃.  Доколку температурата е над 25 ℃, во тој  случај не може температурата да падне под 8 ℃.
Максимално време за ладење: 8 часа.

5) APOLLO WALKER Portable Insulin Case for Travel Medical Cooler Bag with 2 Ice Packs-торбица за инсулин во комплет со 2 гела

Цена $24.99

*За прозиводот: Tорбицата одржува температура од 2-8 степени околу 6-8 часа поради што е перфектен за неколку часовно чување на инсулинот. Одобрен е од ФДА.

Подготвилa: Везире Старова