ТРАНСПОРТИРАЊЕ НА ИНСУЛИНИ НА ПАТУВАЊЕ

2068

Подготвил:Јовица Илиевски

Како што ветив, еве мало објаснување за Likelle travelpack. Во просторот каде што се чуваат инсулините, собира 13 пластични пенкала Novorapid или Levemir. Во пакетот има термометар, кој што преку Bluetooth се поврзува со мобилен телефон, за кој што има истоимена апликација на Google play, каде што има можност да ја проверувате моменталната температура или да ја подесите на определен временски период сам да ја проверува и дава информации за температурата, па дури и предупредувања ако ја надмине саканата температура.

Првенствено го тестирав на надворешна температура под сенка од 35 целзиусови степени. Со оглед на тоа што беше празно, температурата во рок од 1 час растеше за по 1.5 степен. Кога го тестирав на патување во автомобил со пуштена умерена клима, во период од 3 часа порасна за неполн 1 степен.

Топло го препорачувам за оние кој често патуваат и транспортираат инсулини за подолг временски период, за кој што инсулини е потребна константна температура од 2 до 8 степени.

Препорака за оние кои што би го набавиле, решетката сосе инсулините и термометарот ставете ги во фрижидер, така што и инсулините и термометарот ќе бидат прилагодени, затоа што ќе му треба извесен временски период додека термометарот ја постигне соодветната температура , а воедно и ќе имате можност да ја проверите и температурата на фрижидерот.
Извор БалансМК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија