Потребни состојки
- 1/2 тиквица
- 2 јајца
- 2 грста спанаќ
- 2 с.л млеко
- 2 с.л крем сирење
- 1 с.л маслиново масло
- Зачини сол, црн бибер
Подготовка:
Изрендајте пола тиквица. Изматете ги јајцата. Додадете ја тиквицата, две лажици млеко сол, бибер. Во тефлонска тава ставете една лажица маслиново масло и сипете ја смесата. Одкако ќе се испече од една страна многу е важно внимателно да се сврти на друга. Јас со тањир ја поклопив и ја свртев. Кога ќе се испече од двете страни се става внимателно врз хартија за печење за да може да се свитка. Филот го одредувате сами. Највкусно е фил со две лажици крем сирење со малку обарен спанаќ. Или магдонос, една лажица павлака со козјо сирење.
Рецепт на Д.К
Нутритивна вредност (2 порции)
238 калории
7 гр. јаглехидрати
28 гр. масти
16 гр. протеини