Тип 1 Дијабетес: Диететски Третман

890

Бројот на калории треба да се приспособи на потребите на пациентот и оброците треба да се распоредат според потребите не денот. Количеството масти не смее да надмине 30% од вкупното снабдување со енергија. Количеството заситени масти не смее да надмине 10%, полинезаситени масти тре-ба да се најмалку 10% од вкупното снабдување со енергија, а другите масти треба да бидат мононезаситени (на пример, маслиново масло). Практично, употребувањето млечни масти, растителни масти и месни произ-води богати со масти треба да се намали и да се зголеми внесувањето на незаситени масти и риба. Протеините треба да обезбедат околу 15% од вкупното снабдување со енергија. Поради ограничување на масти и на протеини, јаглените хидрати треба да обезбе-дат околу 55% од вкупното снабдување со енергија. Се препорачува употребување јаглени хидрати богати со растителни влакна. Најсоодветни јаглени хидрати се оние што бавно го ослободуваат шеќерот: корени, компири и ориз. Лебот треба да е направен од непросеано брашно, пожелно од цело зрно. Треба да се преферираат јаглени хидрати богати со растителни влакна (леб од цело зрно, зеленчук, зрнести растенија, овошје). Треба да се избегнува употребата на sucrose. Мали количества (околу 10 g) се дозволени, ако можат да се вклучат во вкупното енергетско количество. Овошје може да се употребува во умерени количества. Храната треба да содржи малку сол. Алкохол треба да се користи умерено. Благи напивки треба да се избегнуваат
Извор http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf
Слика: medanta.org