Тиква полнета со ориз и суво овошје

649

Тиквата е член на семејството Cucurbitaceae. Се појавува во различни форми и големини.Се разликуваат и по изглед и по вкус но сите имаат некои заеднички својства пример тврда кора пора која може да се чува 2 до 4 седмици.Врвот на сезоната на тиквата е наесен во октомври и ноември.
Најдобар начин на подготовка на тиква е варење на пареа. Иако тиквата е тврда за кратко време под пареа омекнува.
НЕ СЕ препорачува варење во вода бидејќи се зголемува апсорпцијата на вода и доаѓа до губиток на многу витамини, минерали пример хидросолубилни витамини Ц или од Б-групата.
Тиквата е богат извор на алфалиноленска киселина, омега-3 есенцијална масна киселина која е чувар на здравјето. Темната и портокаловата боја се присутни благодарение на каротеноидите, алфа-каротен, бета -каротен, лутеин, зеаксантин, и бета криптоксантин. Освен што со својата концентрација на провитаминот А е одличен извор на витамин А, таа
исто така е богата со витамин Ц и со Б1витамин, пантотенска киселнина, бакар, манган кои на себе ги врзуваат слбодните радикали.

Во сезона на тикви пробувам максимално да бидам креативна.
Тиквата е ниско калорична со низок гликемиски индекс .Во една мала тиква од 800 гр има
269 калории,
49 гр. јаглехидрати,
10 гр. растителни влакна,
2 гр. масти,
8 гр. протеини.
Мој предлог за превкусен десерт со тиква е:
Тиква полнета со ориз и суво овошје
Потребни состојки:
✔️Една мала тиква (800 гр)
✔️2 лажици интегрален ориз
✔️2 суви смокви
✔️2 суви кајсии
✔️2 с.л ореви
✔️2 с.л кафеав шеќер
✔️оризово млеко околу 50 мл
✔️цимет
Подготовка:
Оризот се вари додека не омекне
Се цеди. Се сече тиквата на половина, се чисти од семките. Се сецкаат урмите, кајсиите, оревите и се мешаат со оризот и шеќерот. Се пополнува вдлабнатото место од тиквата се полева со млеко и се посипува цимет. Се виткаат во фолија и се ставаат врз хартија за печење и се печат во претходно загреана рерна на 200с.
Нутритивна вредност🔎
Вкупно
625 калории
110 гр.јаглехидрати
15 гр. растителни влакна
13 гр. масти
13 гр. протеини