Супа од тиква

654
Потребни состојки
  • тиква средна големина (околу 800 гр)
  • моркови 3-4
  • главица кромид
  • 1 с.л маслиново масло
  • магдонос, рузмарин
  • сол, бибер, куркума
Подготовка
Излупете ги тиквата и морковот и исецкајте ги во коцки. Излупете и исецкајте кромид и пропржете го. Потоа додадете се во тенџере во зовриена вода и оставете ги зеленчуците да се варат додека не омекнат. Потоа со рачен бледнер блендирајте ја супата додека не стане кремаста. Додадете зачини по избор – ние додадовме сол, црн бибер, куркума, рузмарин и магдонос. Сервирајте со гранче рузмарин и листови од магдонос. Супата е одличен оброк и за бебиња и мали деца.
Нутритивна вредност🔎 Вкупно Калории 455 (4 порции)
Јаглехидрати вкупно 82 гр.
Растителни влакна 12 гр.
Масти 15 гр
Протеини 11 гр
1 порција
113 калории
20 гр. јаглехидрати
3.7 гр. масти
2.7 гр. протеини