Средба на СЗДМ со министерот за здравство

1800

СЗДМ, 21.06.2017

Почитувани, денес 21.06.2017 година, во 10:00 часот СЗДМ заедно со уште 40-тина други Здруженија кои обединуваат други групации на луѓе бевме примени во Министерство за Здравство, каде од Нас беа побарани предлог измени на Законот за здравтствена заштита. СЗДМ ги поднесе следниве предлози, за измена на следниве членови од Законот за здравствена заштита:

Предлози за измени и дополнувања на Закон за здравствена заштита:

• За Член 14 – Секој пациент има права и должности утврдени со овој и друг закон.
Бараме да се прецизират точно со кои закони се регулираат. Потребно е да има точна дефиниција на значењето други Закони, или пак согласно други било какви акти во законот. Секој треба да биде дефиниран со цел да се исчистат сите „сиви зони“!

• Во Член 16 од постојниот Закон – Обезбедување на остварувањето на загарантираните права, утврдени потреби и интереси од страна на Република Македонија.
Да се прецизира дека набавката на Инсулин и сите други терапии и помагала (апарти за мерење гликемија) ќе се набавуваат исклучиво согласно најнови светски и европски стандарди, EN ISO пропишани од СЗО и/или надлежни Европски институции за пропишување и имплеметирање стандардизација на лекови и помагала.

• Член 39 како и од 39(а) до 39(ј) Листа на закажани прегледи и интервенции
Бараме да се прецизира оставрување на целосно Право на лекување! Односно кога на лице со дијабетес (секако треба да важи за сите дијагнози кои имаат слични потреби) му се закажува на „Мој термин дијабет“, не со други пациенти (посебно кај специјалистите интернисти) и на тој преглед пациентот да биде целосно прегледан (покрај биохемиска анализа и екг да има преглед на офтамолог, ортопед, ЕКГ, доплер на екстремитети и сл.. посебно деца до 15 години). Секако понатамошните прегледи треба да се синхронизирани заедно со другите оддели на Мој термин – дијабет!

• Во Член 44 Услови за вршење на здравствена дејност на пациенти кои здравствените услуги ги плаќаат со лични средства,
Бараме да со дополни со одредба дека специјалистите препишуваат терапија на посебни дијагнози (дијабетес, хемофилија, низок раст, цистична фиброза и сл.) според протоколите, со цел овозможување на правилен и навремен здравствен третман. Значи дека без разлика каков тип е установата (јавна и/или приватна) Лекарот – специјалист како носител на дејноста треба да има право да препишува инсулин, при тоа да не е важно дали е во јавна здарвствена установа или е во приватна задравствена установа. Недопустливо е специјалист кој додека е во работен однос во ЈЗУ да има право да препишува инсулин, а во ПЗУ не може, логички нема логика, а и се скратува правото на пациентите до целосен пристап на лекување.

• Член 89 – Аптеката врши фармацевтска дејност, а особено набавка, сместување, чување, sиздавање, испитување и контрола на лекови, санитетски материјални средства и лековити супстанции, изработува магистрални лекови и галенски препарати, дава упатства за употреба на издадените лекови и набавува и издава средства за детска и диетална исхрана, ортопедски помагала, прибори и медицински инструменти.
Бараме инсулинските аптеки да вршат нарачки за инсулин според потребите на аптеката а не според досегашната пракса МЗ да решава и најчесто нема ниту редовен ниту резерва од инсулин. Со ова ќе се подигне нивото на редовно и правилно испорачување инсулина на пациентите.

• СЗДМ бара Член 248-а Национална комисија за дијабетес мелитус да се брише. Овој член е спротивен на Уставот на државата, затоа што во самата дефиниција е деградирачки кон една категорија на граѓани идентификувајќи ги како некаква посебна група, во законот не постои ниту една друга пациентска група која е одвоена. Исто така е против уставен затоа што мандат на било која форма за сервисирање на услуги на граѓани, даваат Собранието и/или Владата на РМ, не може Министер како поединечен член да именува било каква група во „сива зона“ да решаваат за граѓани. Овој член од Законот деградира законски одредби со кои се регулира работата на лекарите кои мора да останат професионални и посветени на секој пациент и/или пациенти согласно нивните потреби. Оваа одредба е класично погазување на лекарската фела! Како може неколку луѓе да одлучуваат за судбината и на пациент и споредно на лекар кој треба да одреди конкретна терапија! Доколку МЗ има потреба од стручност да се фомрира согласно дефинираните одредби на член 249, стручни комисии.

Извор: СЗДМ – Сојуз на Здруженија на Дијабетичари на Македонија