Средба на министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити и претставници на Сојузот на здруженија на лица со дијабетес во Македонија – СЗДМ.

251
Денес министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, заедно со претседателот на Комисијата за дијабетес, д-р Ирфан Ахмети, и претставник од јавни набавки се сретнаа со претставници од Здружението за дијабетичари, меѓу кои и претседателот на Здружението, Димче Велев.
На средбата се разговараше за можностите за надминување на предизвиците со кои се соочуваат пациентите со дијабетес.
Исто така, министерот Меџити ја истакна поддршката кон пациентите со дијабетес, охрабрувајќи ги претставниците од Здружението за изнаоѓање подобри решенија и предлози за проблемите со кои се соочуваат.
Извор
https://www.facebook.com/zdravstvomk?fref=nf&ref=embed_post
Објавено 04.07 2023