Спанаќ со јајца во рерна

3451

Потребни состојки
1 лажица маслиново масло
1 кромид
500 гр. спанаќ
морско оревче
црн бибер
хималајска сол
4 с.л рендан пармезан
4 јајца
Подготовка
Се пржи кромидот околу 4 минути, се додава спанаќот и се остава неколку минути да омекне, додека водата не испари. Се додаваат зачини. Потоа во подмачкан плех се става спанаќот и се прават 4 мали вдлабнатини и едно по едно во секоја вдлабнатина се додава јајце и одозогора се посипува со пармезан. Се пече околу 13-15 минути во претходно загреана рерна на 200 C .

 

  к.калории јаглени
хидрати гр.
диетални влакна гр. протеини
гр.
масти
гр.
Вкупно 524 25.4 11.7 44.6 23.7
1 порција 131 6.35 2.9 11.1 5.9
Јајцата содржат лецитин кој овозможува разложување на мастите во црниот дроб и го подобрува метаболизмот на шеќерите.

(сликата е превземена од  tisjir.com)