Потребни состојки
2 слатки компири
1 модар патлиџан
2 црвени пиперки
300 гр моцарела
1 с.л маслиново масло
1 с.л оцет балзамико
1 главица црвен кромид
1 китка босилек,
1 чешне лук
лисната зелена салата
Подготовка
Исецкајте го компирот на мали квадрати, додадете им сол, бибер и толчен лук и ставете ги да се печат околу 30 минути во претходно загреана рерна на 190 C. Во меѓувреме исечете ги модриот патлиџан и црвените пиперки на кришки и испечете ги во загреана рерна или во грил тава додека не омекнат. За прелив измешајте оцет балзамико, лук, маслиново масло заедно со босилек, кромид (изрендан), сол и бибер. За сервирање поделете ги листовите зелена салата на 4 порции врз кои аранжирајте ги сладкиот компир, модриот патлиџан, пиперките и одозгора ставете моцарела. На крај ставете го преливот.
к.калории | јаглени хидрати гр. |
диетални влакна гр. | протеини гр. |
масти гр. |
|
Вкупно | 2807 | 191.3 | 57.1 | 99.9 | 197.4 |
1 порција |
701 | 47.8 | 14.2 | 24.9 | 49.3 |
Слаткиот компир поради нутритивната вредност спаѓа во типови на храна кои се препорачуваат на лица со дијабетес |
Извор: Sarah Banbery; The diabetic cookbok
(сликата е превземена од www.ontariosweetpotato.com )