Се искачуваме на Водно со Алегрија, по повод Светскиот ден на дијабетесот

1837

pixelmk-se-iskachuvame-na-vodno-so-alegrija-po-povod-svetskiot-den-na-dijabetesot-45769Здружението на лица со дијабетес Алегрија по повод Светскиот ден на дијабетесот, оваа година одлучи да го одбележи со прошетка од О.У Кочо Рацин до Средно Водно, како дел од Глобална прошетка за дијабетесот (Global Diabetes Walk). Искачувањето ќе започне со почеток во 11ч на 13.11.2016 во недела. На средно водно ќе може да го најдете штандот од здружението каде ќе може секој заинтересиран да ја провери својата гликемија како и во соработка со Виталија да проба производи без шеќер. Интернационалната Дијабетес Федерација оваа година WDD го одбележува под мотото “Погледот кон дијабетесот“ во која се приклучува и здружението Алегрија , како би се прикажало од колку голема важност е физичката активност и здравата исхрана покрај инсулинот за лицата со дијабетес за добра регулација на гликемијата и спречување на компликацииите кој се живото загрозовачки, а и истите препораки за лицата кои немаат дијабетес како би се спречила обезноста и појавувањето на тип 2 дијабетес. Според последните истражувања во светски рамки има 415 милиони лица со дијабетес, а се претпоставува дека до 2040 ќе има 642 милиони. Во светот сега едно лице од 11 има дијабетес, а до 2040 едно лице од 10 ќе има дијабетес. Едно од две возрасни лица има дијабетес а не е дијагностицирано.

(текстот е превземен од : http://pixel.mk/zhivot/zdravje/se-iskachuvame-na-vodno-so-alegrija-po-povod-svetskiot-den-na-dijabetesot | Pixel.mk)