Седница на собрание на здружението на лица со дијабетес „Шеќерче – Lollipop”

1945

Здружението на лица со дијабетес „Шеќерче – Lollipop” Велес објавува

Врз основа на Статутот на Здружението на лица со дијабетес „Шеќерче – Lollipop” Велес и одлуката на Управниот одбор за одржување на редовното годишно Собрание на здружението, ве поканувам да учествувате на седница на собранието, кое ќе се одржи на ден 24.11.2017 година (петок), со почеток во 17.00 часот, во просториите на Дом на НВО (спрема детската градинка во дворови).

За работа на собранието го предлагам следниот ДНЕВЕН РЕД:

1. Избор на работни тела на собранието
2. Извештај за работата на здружението во 2017 година
3. Финансов извештај за работата на здружението во 2017 година
4. Програма за работа за периодот 2018 – 2019 година
5. Барање за примена на иновативна инсулинска терапија
6. Избор на членови на Управен одбор на здружението
7. Тековни активности

Со почит,
Претседател
Димче Велев